Џихадистите на ИДИЛ го уништија древниот град Нимруд, штетата е непроценлива
Веста ја објавија ирачките власти, но се уште не е познат размерот на направената штета. Исламистите тврдат дека старите храмови и статуи се „лажни идоли“ и мора да бидат здробени...

Не стивнуваат реакциите, пред се на научната јавност, откако се дозна дека џихадистите од Исламска држава со булдожери и тешки возила го срамниле со земја древниот асирски град Нимруд, кој е непроценливо културно наследство.
Веста ја објавија ирачките власти, но се уште не е познат размерот на направената штета. Исламистите тврдат дека старите храмови и статуи се „лажни идоли“ и мора да бидат здробени. Ирачките археолози ужаснати велат – ја бришат нашата историја.
Нимруд се наоѓа на 30 километри од Мосул, главниот град на самопрогласениот калифат, на каде што се движи офанзивата на ирачката војска, која во моментов војува во Тикрит.
