Ракомет

Мора да се соберат бодови!

06.03.2015 14:51

Нема простор за грешка, бидејќи многу тешко ќе биде потоа да се бара поправен. Така некако изгледа ситуацијата за ракометарите на младинско-јуниорскиот тим на Металург кој брка место за завршницата во СЕХА лигата, каде би се нашле по 4-ти пат со ред колку и опстојува ова натпреварување.

Нема простор за грешка, бидејќи многу тешко ќе биде потоа да се бара поправен. Така некако изгледа ситуацијата за ракометарите на младинско-јуниорскиот тим на Металург кој брка место за завршницата во СЕХА лигата, каде би се нашле по 4-ти пат со ред колку и опстојува ова натпреварување.

Многу потешко од годините предходно, но и со многу, а и нема да се погреши комплетно изменет тим. Како и да е, го имаат на дофат Металурзите тоа посакувано 6-то место, ако ништо повеќе како сатисфакција за оние кои останаа да ја градат и бранат честа на сините.

По поразот од Нексе пред два дена директниот конкурент за граничното место кое води во регионалниот пехар расплет, денеска момчињата од Автокоманда се на гости во Бања Лика кај Борац. Тоа е тим кој по табеларните параметри вели дека треба да биде победнички плен за Металург. Босанскиот домаќин го има предпоследното место во СЕХА поредокот со дупло помалку бодови собрано од нашите, кои пак сега се 7-ми. Им бега 6-ката за само бод, но хрватскиот ривал има блага предност, ако се знае дека и Нексе на средина од месецов ќе треба да одиграат со Борац исто така на гости и кој ги гледаат трите бода од таму веќе како свои. Металург пак од другастрана го има Мешков како последна домашна за противник.

Она што е кристално јасно е дека вечерва се бркаат три, во најмала рака бод, но тогаш ќе се стрепи до последна минута на 15-ти март против белорусите дома, а потоа и до 18-ти кога и Нексе ќе треба да се справи со Борац. Но, одиме со ред, го гледаме вечерва на МРТ собраниски во 20.55 Металург на гости кај Борац по билдање се надеваме на бодовното конто.