Атлетика – ЕП сала Прага

Ристеска последна на 400 метри!

06.03.2015 18:17

Ристеска истрча 57:95, девет стотинки послабо од своето најдобро време и речиси пет секунди од најбрзата во првата елиминациска рунда, Французинката Мари Гајо.

Како што и се очекување, македонското учество на Европското првенство во атлетика во сала што се одржува во Прага, ќе биде формално. Христина Ристеска остана последна, 28-ма, во квалификациите на 400 метри.

Ристеска истрча 57:95, девет стотинки послабо од своето најдобро време и речиси пет секунди од најбрзата во првата елиминациска рунда, Французинката Мари Гајо.

Утре во квалификациите на 60 метри ќе настапи, Ристе Пандев.