Ракомет

Победата против Крим приоритет за вардарки!

06.03.2015 18:19

За остварување на високи амбиции нема неважни натпревари, но вардаровото ракометно семејство сега се наоѓа во клучен период од сезоната со големи очекувања.

За остварување на високи амбиции нема неважни натпревари, но вардаровото ракометно семејство сега се наоѓа во клучен период од сезоната со големи очекувања.

Оттаму победата се наметнува како приоритет за црвено – црните дами вечер во Љубљана против Крим. Со евентуален триумф, вардарки би можеле и теоретски да обезбедат четвртфинале во Лигата на шампионките, доколку се поклопат и резултатите од другите натпревари што не е нереално.

Ракометарите пак, допрва ги очекуваат осминафиналните елитни дуели со Висла, директно се пласираа во полуфиналето на СЕХА лигата, па можат против неприкосновениот Веспрем да одиграат натпревар без притисок.

Преносот од мечот од последното регионално коло, Вардар – Веспрем ќе биде утре на МРТ Собранискиот сервис во 20.15.