Победи на Чикаго и на Портланд!
Расел Вестрбрук сепак, не е семоќен, па Оклахома загуби кај Чикаго со 108:105. Етвон Мур им ја донесе победата на Булс со тројката на две секунди пред крајот.

Расел Вестрбрук сепак, не е семоќен, па Оклахома загуби кај Чикаго со 108:105. Етвон Мур им ја донесе победата на Булс со тројката на две секунди пред крајот. Црногорецот Никола Миротиќ постигна 26 поени, кај гостите Вестбрук реализираше 43 со 8 скока и 7 асистенции. Чикаго е втор во НБА источната конференција со 39 победи и 23 порази, но дури шест екипи на „западот“ имаат подобар биланс од него. Меѓу нив не е Оклахома којашто е осма.
Третопласираниот Портланд стигна до 41-от триумф, откако на гости беше подобар од шесторангираниот Далас 98:93. За петтата победа по ред, најзаслужен беше Французинот Никола Батум со 15 поени и 12 скока.
