Ракомет – Лига на шампиони

Убедлив триумф на Вардар против Крим!

07.03.2015 00:45

Ракометарките на Вардар се поквалитетни од Крим и затоа гостувањето во Љубљана, против Крим според резултатот, го одработија како тренинг, славејќи со 47:29.

Ракометарките на Вардар се поквалитетни од Крим и затоа гостувањето во Љубљана, против Крим според резултатот, го одработија како тренинг, славејќи со 47:29.

Црвено – црните дами беа сериозни и расположени, домаќинот немоќен, па оттаму убедливиот триумф, вкупно трет и прв на гости во главната фаза во Лигата на шампионите. Андреа Пенезиќ беше најефикасна со 11 гола, по паузата поради сериозната повреда со два погодока се врати Татјана Хмирова, додека кај Крим, петпати во листата на стрелците се запиша македонската ракометарка, Мирјета Бајрамовска.

Двојки и табела:

Главна фаза – Група 1

Крим – Вардар   29:47

Лајпциг – Будуќност  утре

Динамо  - Турингер  недела

  1. Будуќност      15
  2. Динамо          10
  3. Вардар            9
  4. Турингер         8
  5. Лајпциг            6
  6. Крим                2