Металург поразен и во Борик
Само теоријата останува надеж за екипата на Металург да обезбеди настап на завршниот турнир во СЕХА регионалното натпреварување, откако македонскиот шампион убедливо загуби на гостувањето во Бања Лука од Борац со 27-21.

Само теоријата останува надеж за екипата на Металург да обезбеди настап на завршниот турнир во СЕХА регионалното натпреварување, откако македонскиот шампион убедливо загуби на гостувањето во Бања Лука од Борац со 27-21. Теоријата претпоставува победа на Металург против Мешков на 15 март на домашен терен и пораз на Нексе на гости кај Борац за заземање на 6-тото место на табелата.
Во салата Борик домаќинот максимално го контролираше резултатот и не дозволи ниту едно гостински водство. На полувремето Борац водеше со 14-9, а имаше и 22-14 на средината на второто. Новиот состав на Металург повторно доста грешеше, реализацијата одеше тешко, а и одбраната не беше на највисоко ниво. Војводиќ постигна 5 гола, Голубовиќ и Стојановиќ по 3, а во победничката екипа блескаше ветеранот Николиќ со 6 постигнати погодоци.
