Пандев „бавен“ на 60 метри
И Ристе Пандев, далеку од европската елита го заврши настапот на Европското првенство во сала во Прага. Во квалификациите на 60 метри македонскиот рекордер беше последен во групата со истрчани 6.91 секунда. Победи Германецот Лукас Јакубчик со 6.62.

И Ристе Пандев, далеку од европската елита го заврши настапот на Европското првенство во сала во Прага. Во квалификациите на 60 метри македонскиот рекордер беше последен во групата со истрчани 6.91 секунда. Победи Германецот Лукас Јакубчик со 6.62. Од 38-те спринтери во квалификациите во оваа дисциплина резултатот на Пандев беше 36-ти.Неговиот личен рекорд на 60 метри е 6.86. Вчера Христина Ристеска имаше најслабо време во квалификациите на 800 метри.Така, без резултатски прогрес двајцата македонски репрезенти го завршија учеството на Европското првенство во Прага.
