Кошарка

Работнички му е домаќин на Карпош Соколи со пренос од 18 часот

07.03.2015 17:55

Во дерби натпреварот од 16 кошаркарско првенствено коло во салата „Парк“ во Скопје Работнички му е домаќин на Карпош Соколи.

Во дерби натпреварот од 16 кошаркарско првенствено коло во салата „Парк“ во Скопје Работнички му е домаќин на Карпош Соколи. Двата тима според досегашниот ефект се наоѓаат при врвот на табелата и со обезбедено учество во Суперлигата. И двата имаат по 22 бода, со тоа што најтрофејниот македонски клуб има 10 победи и 3 порази но и одземен бод за прекинот со МЗТ во есенската етапа, а ривалот оствари победа помалку и пораз повеќе од домаќинот. Нивниот прв дуел пред 4 месеци му припадна на тимот од градскиот парк убедливо со 83 : 63, но оттогаш екипите се засилија, што особено важи за „соколите“. Американскиот тандем Ворен и Рајс внесе дополнителен импулс во составот, кој во завршницата на најуспешната сезона во историјата станува сериозен претендент за самиот врв.

Од друга страна, по освоениот куп на Македонија Работнички како да зема здив пред следната рунда, па дозволи два пораза во последните 3 првенствени кола од МЗТ Скопје и Кожув. Нивното најново засилување Митровиќ лесно се адатпира на средината, па мечот ќе биде можност за проверка на можностите, истовремено и уживање на гледачите. Натпреварот почнува во 18 часот со пренос на Собранискиот сервис.