Ракомет - Сеха лига

Вардар го декласираше Веспрем

08.03.2015 11:06

Ракометарите на Вардар успеа да му застанат на пат на забревтаниот Веспрем кој го доживеа вториот пораз оваа сезона, по оној во ЛШ на гостувањето кај Рајн Некар Левен.

Ракометарите на Вардар успеа да му застанат на пат на забревтаниот Веспрем кој го доживеа вториот пораз оваа сезона, по оној во ЛШ на гостувањето кај Рајн Некар Левен.

Во дербито за престиж, 28-21 за црвено-црните кои му се одмаздија на унгарскиот шампион за поразот во првиот дуел во Сеха оваа сезона и за двата во Лигата на шампионите, особено за оној болниот дома во ноември лани кога загубија добиен меч.

Фуриозни 20 минути со одлична дефанзива и убиствени контранапади, одигра нашиот тим и ги претвори во максимална предност од 11-3, но до крајот не го одржа ритамот и му дозволи на противникот на полувреме да замине со преполовена негатива, 14-10.

Во продолжението предводен од фантастичниот Милиќ, кој имаше 11 интервенции за 30 минути, Вардар го збриша унгарскиот гигант кој немаше решение за мотивираните ракометари на Раул Гонзалес. Вардарци ја вратија играта од првиот дел, одбраната беше на ниво, нападот функционираше бескпрекорно а Унгарците ја немаа потребната организација и препознатлива разновидност за да одговорат на предизвикот.

Разликата постојано растеше до максимални 11 во 52 минута кога и беше осигуран триумфот и почна славјето за слатката победа над унгарскиот првак. Дибиров беше најефикасен на тереот со 8 гола, 7 во првото полувреме. Подршка доби во Душебаев кој 5 пати ја погоди противничката мрежа, додека Карачич постигна 4 гола. Кај поразените се истакна Миклер на голот со 11 одбрани, најефикасен беше Маргуч со 4 погодоци а по три постигнаа Илиќ и Наѓ.

Веспрем со 17 победи го освои првото место по основниот дел од Сеха конкуренцијата пред Вардар кој застана на 15 триумфи. И двете екипи идниот викенд ги отвораат осминафиналните двомечи од ЛШ а од 25-29 март во Веспрем на завршниот турнир за Регионалната титула, се 1-2 фаворити за освојување на четвртиот пехар во Сеха лигата.