Средба на Јолевски со Жан- Марк Тодешини

09.03.2015 08:30

Целта на посетата е отпочнување на комеморациите за Источниот фронт како дел од одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна, во која речиси 70.000 француски војници ги загубиле животите...

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Охрид ќе оствари средба со државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Француската Република, Жан-Марк Тодешини.
 
Целта на посетата е отпочнување на комеморациите за Источниот фронт како дел од одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна, во која речиси 70.000 француски војници ги загубиле  животите.
 
Државниот секретар Тодешини, кој е во посета и на земјите во регионот Грција, Србија, Романија, во  Македонија ќе биде два дена.