Според новата студија, бакнувањето им помага на луѓето да го најдат потенцијалниот партнер

Кога бакнежот е повеќе од бакнеж

18.10.2013 13:37

Според новата студија, бакнувањето им помага на луѓето да го најдат потенцијалниот партнер и кога се во врска да го задржат.   Студијата вклучила 900 возрасни испитаници кои што пополниле прашалник за важноста на бакнувањето кога се во кратка и во долга врска. На жените во врска, бакнувањето им било поважно отколку на мажите.   Бакнувањето и од страна на жените и од страна на мажите било оценето како важно во оние случаи кога и двата пола имале перцепција дека се атрактивни или пак имале тенденција да остваруваат кратки врски.

Со бакнувањето им се овозможува на луѓето потсвесно да го одберат својот партнер преку вкусот и мирисот со што во игра влегуваат и биолошките фактори за компатибилност, спремност за врска или општо здравје.   Бакнувањето исто така игра важна улога во одржувањето на привлечноста и поврзаноста помеѓу двојката која што веќе е во врска.