ЕУ го активира можното укинување на безвизниот режим
Бројот на баратели на азил од Македонија во 2013 година е 284 или двојно помалку во споредба со лани. Ова го покажува најновата статистика на федералниот центар за азиланти во Белгија. Тоа, според официјален Брисел, значи дека македонските грагани можат, барем засега, да се чуствуваат безбедни од укинување на безвизниот режим во европските држави.

Бројот на баратели на азил од Македонија во 2013 година е 284 или двојно помалку во споредба со лани. Ова го покажува најновата статистика на федералниот центар за азиланти во Белгија. Тоа, според официјален Брисел, значи дека македонските грагани можат, барем засега, да се чуствуваат безбедни од укинување на безвизниот режим во европските држави.
,,Македонската влада воведе неколку значајни мерки за намалување на бројот на барателите на азил во минатото. Се плашам дека дури мерките се и премногу остри. Секако дека државите од Западен Балкан треба да направат и повеќе кога се работи за одредено малцинство како што се Ромите бидејќи токму тие се таргетната група азиланти. Од друга страна, и граѓаните треба да бидат свесни за опасноста и кој е всушност лимитот при безвизното патување.Тоа значи дека владите треба да направт се што е во нивна можност за државите членки на Унијата да немаат аргументи“. ИзјавиТања Фајон. Европратеничка.
Германија, Франција, Холандија, Белгија, Данска и Велика Британија беа државите кои ја иницираа потребата за воведување на заштитната клаузула за повторно враќање на визниот режим за некои држави од Западен Балкан. До денеска нема информација дали уште некоја држава поднела жалба за зголемениот број баратели на азил и побарала воведување на заштитниот механизам.
- ,,Нема нешто ново и нов развој во последниов месец. Состојбата е активна и грижите на некои од земјите членки продолжуваат во однос на трендот кој не паѓа“, потврди Микеле Черконе, портпарол на еврокомесарката Малстром.
Според експертите, повторното воведување визен режим за која било држава ќе биде долготраен процес од причина што за тоа е потребна согласност од сите членки на Унијата и од Европскиот Парламент.
Од канцеларијата за односи со јавноста во Европскиот Совет денеска не добивме информација која од државите од Западен балкан најмногу се соочува со можноста за укинување на безвизниот режим.
Официјалните бројки од Федералниот центар во Белгија бележат драстично намалување на баратели на азил во оваа држава. Лани имало 14.774, а во 2012-та 21.463 баратели.
Марина Стојанова Тонева постојан дописник на МРТ од Брисел
