ЕЦБ почнува со откуп на државни обврзници

09.03.2015 09:08

Претседателот на ЕЦБ Мариод Драги минатата недела изјави дека почнуваат со купување обврзници деноминирани во евра од јавниот сектор на секундарниот пазар...

Европската централна банка од денеска почнува со нова програма за откуп на државни обврзници во обид да добие нови средства во економиите на еврозоната.
 
Во настојувaње да поттикне економски раст, ЕЦБ на 22 јануари донесе одлука за откуп на државни обврзници од своите држави членки така што по пример на американската централна банка (Фед) ќе обезбеди доволно пари за тоа купување со фиксни камати.
 
Претседателот на ЕЦБ Мариод Драги минатата недела изјави дека почнуваат со купување обврзници деноминирани во евра од јавниот сектор на секундарниот пазар.
 
Според проширената програма на ЕЦБ, таа институција за купување корпоративни и државни обврзници ќе издвојува месечно по 60 милијарди евра во период од март до крајот на септември идната година што вкупно изнесува повеќе од билион евра.
 
ЕЦБ таа одлука ја донесе и покрај противењето на Германија.