Дождовите ја одложуваат сеидбената сезона
09.03.2015 11:48
Временските услови се уште не им се наклонети на земјоделците и не им дозволуваат да ги почнат пролетните активности. Последните дождови најверојатно ќе ја одложат и оваа сеидбена сезона...

Неделава се најавува стабилно и суво време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст. Според УХМР ќе дува и умерен ветер од северен правец.
Во земјоделството новите врнежи повторно ќе ја влошат состојбата со влагата во почвата, со што ќе се одложи подготовката за пролетната сеидба која вообичаено почнува во средината на март.
Краткотрајното заладување ќе биде добредојдено за успорување на вегетацијата кај овошките, а ниските утрински температури нема да имаат негативно влијание.
Методија Трајков
