Јапонски грант за три општини и Клиниката за радиологија во Скопје

09.03.2015 12:07

260 илјади евра за поддршка на 4 проекти во општините Центар Жупа, Демир Хисар и Велес, како и за скопската Клиника за радиологија...

Јапонската влада ќе додели грант од 260 илјади евра за поддршка на 4 проекти во општините Центар Жупа, Демир Хисар и Велес, како и за скопската Клиника за радиологија. Со грантот Центар Жупа ќе добие амбулантно возило и возило за домашна посета за што се наменети околу 55 илјади евра.

За Клиниката за радиологија ќе се одвојат 75 ипол илјади евра. За опремување пак на противпожарната единица во општина Демир Хисар се одвоени скоро 76 илјади евра,а за рехабилитација на заеднички простории на три училишта во општина Велес, 54 илјади евра.