Зголемен бројот на болни од стомачен вирус
Според податоците од системот „МојТермин“, издадени се близу 4 илјади упати и 26 илјади рецепти. Кај најголем дел од заразените, над 90 проценти, не се јавуваат никакви симптоми, а кај останатите може да се појави покачена температура, симптоми на настинка, гадење, повраќање, дијареа...

Иако има зголемување на појавата од стомачен вирус кај децата, лекарите велат дека ситуацијата не е алармантна. Ова заболување најчесто се појавува кај помладата популација, во текот на целата година, а особено на почетокот на пролетта и летото.
Според податоците од системот „МојТермин“, издадени се близу 4 илјади упати и 26 илјади рецепти. Кај најголем дел од заразените, над 90 проценти, не се јавуваат никакви симптоми, а кај останатите може да се појави покачена температура, симптоми на настинка, гадење, повраќање, дијареа.
Во многу ретки случаи, стомачните вируси може да предизвикаат и компликации, особено кај лицата со намален имунитет. Лекарите посебен акцент ставаат на превенцијата. Особено е важно редовното миење на рацете за време на престојот во градинка и училиште.
