Бензините поскапуваат за 2,5, дизелот за половина денар

09.03.2015 12:24

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 67,50 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 денари...

Од полноќ бензините поскапуваат за 2 ипол денари, а дизелот за половина денар, реши Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 67,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 69 ипол денари.

Малопродажните цени на Еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар.