Доделување решенија за отпис на долгови

09.03.2015 12:44

Во предвидениот рок поднесени беа околу 42.000 барања за отпис на долговите...

Премиерот Никола Груевски и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во Владата ќе ги поделат решенијата за еднократен отпис на долгови.

Граѓаните можеа да поднесат барање за отпишување на долговите од 18 август до 31.12.2013 година, за пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити кон деловните банки и штедилниците, како и за електрична и топлинска енергија и радиодифузна такса кон МРТВ.

Долговите кои се отпишуваат треба да бидат неплатени подолго од 12 месеци и да е започната постапка за наплата.