Војските на Чад и Нигер со офанзива против Боко Харам
09.03.2015 12:53
Локалните жители и хуманитарните работници од северната нигериска држава Борно потврдија дека се слушаат истрели од тешка артилерија...

Откако вчера Боко Харам упати интернет порака дека се заветува на лојалност на групацијата Исламска држава, војските на Чад и Нигер почнаа офанзива против екстремистите во североисточна Нигерија.
Војските на Чад и Нигер денеска почнаа воздушна и копнена офанзива против екстремистите на Боко Харам. Локалните жители и хуманитарните работници од северната нигериска држава Борно потврдија дека се слушаат истрели од тешка артилерија.
Ова е реакција на аудио пораката на лидерот на Боко Харам, Абубакар Шекау за повик до сите муслимани во светот да се заветат на лојалност на лидерот на ИД, Абу Бакр ел Багдади.
