Македонија- атрактивна за канадските инвеститори

09.03.2015 13:05

Во соработка со „Македонија 2025“, организација во која членуваат видни бизнисмени со македонско потекло, ќе се зајакнуваат економските врски со Канада, ќе создава простор за зголемен извоз на македонските компании на канадскиот пазар...

Канадски компании ги разгледуваат можностите за правење бинис во Македонија. Во соработка со „Македонија 2025“, организација во која членуваат видни бизнисмени со македонско потекло, ќе се зајакнуваат економските врски со Канада, ќе создава простор за зголемен извоз на македонските компании на канадскиот пазар, ќе се привлекуваат канадски инвеститори, особено од агросекторот, ИТ секторот, аутсорсингот.

„Ние пред четири години донесовме одлука да инвестираме во Македонија, односно во Скопје. Почнавме како мал бизнис, но многу брзо се развиваме. Ние обезбедуваме консултански услуги за ит компаниите од канада и од сад. Сега веќе имаме 150 вработени и продолжуваме да растеме и да се развиваме“, вели инвеститорот Крис Павловски.