Робот ѝ посака добро утро на Меркел во Јапонија

09.03.2015 13:54

Германската канцеларка Ангела Меркел дводневната посета на Јапонија ја почна од Музејот на научните достигнувања и иновации во Токио...

Меркел во Јапонија разговараше со хуманоиден робот кој, освен добро утро, ѝ покажа како се шутира топка.

Ѝ порача дека може да стане фудбалски играч кој ќе ја предизвика германската репрезентација.

Канцеларката го следеше со насмевка и на крај му се заблагодари на роботот.