Грчкиот план за реформи на разгледување пред Еврозоната
09.03.2015 14:19
Gрчкиот министер за финансии Варуфакис зборува за референдум ако не биде прифатен...

Грчкиот план денеска на разгледување пред Еврозоната, грчкиот министер за финансии Варуфакис зборува за референдум ако не биде прифатен.
Веднаш реагираше премиерот Ципрас – помалку зборови, а повеќе акција, по што Варуфакис разјасни – не станува збор за излез од Еврозоната, туку дека во случај на ќорсокак, одговорот ќе се бара од грчкиот народ, преку референдум или избори.
Атина обвинува дека изјавата на министерот за финансии била слободно интерпретирана и тоа може да ги загрози преговорите.
