Црн биланс кај Росоман

09.01.2014 16:46

Еден загинат,  еден тешко и еден лесно повреден, ова  е билансот од сообраќајната несреќа  која се случи  вчера вечер околу 20.30 минути  на патот Градско Прилеп кај Росоман. Се судрија автомобил Пежо со велешка регистерска табличка  и товарно возило марка Сканија, со прилепски регистерски таблички.

„Патничкиот автомобили товарното моторно возило се движеле во спротивни насоки и анализите од извршениот увид ќе ги покажат и причините за сообраќајната несреќа“, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Полицијата денеска информираше дека 38 годишниот велешанец Димче Плаков од здобиените повреди починал на лице место, додека возачот на автомобилот со тешки телесни повреди е пренесен  на ургентна во Скопје. Возачот на сканијата поминал  најлесно, по укажаната лекарска помош  пуштен бил  на домашно лекување.

По зачестените сообраќајни несреќи од полицијата со  апел  до возачите да се  почитуваат   сообраќајните знаци и возачите да  не консумираат  алкохол  кога управуваат  моторно возило.

Новинар: Дијана Иванова                                                                

Камера: Никола Василковски