Либија: Џихадистите ги погубиле чуварите на нафтеното поле
09.03.2015 15:06
Портпаролот на војската Ахмед ел Месмари изјавил дека еден од очевидците на убиствата доживеал срцев удар и починал...

Џихадистите во Либија откако го нападнале нафтеното поле Ел Гани, ги егзикутирале осуммината чувари. Либијската војска соопшти дека џихадистите при нападот заробиле осуммина чувари и им ги отсекле главите, пренесува Фонет.
Портпаролот на војската Ахмед ел Месмари изјавил дека еден од очевидците на убиствата доживеал срцев удар и починал.
Исламска држава при нападот киднапирала и девет странци, наведува АП. Властите на Филипини и на Австрија потврдиле дека се киднапирани девет нивни граѓани.
