Падна продажбата на Мекдоналдс во САД, се зголеми во Европа

09.03.2015 15:24

Според нив тоа е последица од агресивните конкурентски кампањи и промена на вкусот на потрошувачите...

Американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс бележи пад на продажбата во САД за 4%. Најголемиот производител на хамбургери соопштува дека продажбата најмногу се намалила во Азија, Блискиот исток и Африка-4,4%.

Според нив тоа е последица од агресивните конкурентски кампањи и промена на вкусот на потрошувачите.

Единствено во Европа хамбургерите на Мекдоналдс се трошат за 0,7% повеќе.

На глобално ниво продажбата е намалена за 1,7%. Затоа најавуваат промена на имиџот и во организацијата на работата.