Ин-витро за второ дете за брачните двојки, но и за немажени

09.01.2014 17:03

Можноста  за да се добие второ дете со вештачко оплодување, но и за немажените мајки е новина за оваа година.Тоа го овозможуваат Законот за биомедицински потпомогнато оплодување и Фондот за здравствено осигурување кој обезбедува повеќе средства за своите осигуреници. Буџетот, наместо ланските милион евра, ќе изнесува милион и пол евра. Немажените потенцијални мајки потребно е да  исполнат одредени услови, односно да бидат полнолетни  и деловно способни ( за да можат да обезбедат услови за издржување на детето). Претходно треба  да имаат доказ за неуспешно лекување.

Можноста  за да се добие второ дете со вештачко оплодување, но и за немажените мајки е новина за оваа година.Тоа го овозможуваат Законот за биомедицински потпомогнато оплодување и Фондот за здравствено осигурување кој обезбедува повеќе средства за своите осигуреници. Буџетот, наместо ланските милион евра, ќе изнесува милион и пол евра. Немажените потенцијални мајки потребно е да  исполнат одредени услови, односно да бидат полнолетни  и деловно способни ( за да можат да обезбедат услови за издржување на детето). Претходно треба  да имаат доказ за неуспешно лекување. Во Македонија има 8 установи со соодветен кадар и опрема,  со коишто Фондот има склучено договор и им го плаќа оплодувањето. Годишно  се вршат околу  1000 фондовски субвенционирани ин-витро  оплодувања. Неодамна беше отворена и ординација за испитување на кавилетот и  проодноста на спермата  кај мажите во Поликлиниката Букурешт, што е еден од првите чекори кај брачните двојки и  ги решава  дилемите за изворот на неплодноста. Ин-витро оплодувањето пред неколку години беше голгота за брачните двојки, како финансиски така и физички и емоционално.

Соња Стојановска