Утре истекува рокот за доставување бизнис-план за владината програма за самовработување

09.03.2015 16:24

Голем број невработени дојдоа до работни места преку проектот за самовработување. Издржаните бизнис-планови беа услов за добивање средства од владата кои беа доволни за почеток. Потоа победуваа најдобрите и нај упорните. Утре е последниот ден за апликации...

Невработените лица имаат уште еден ден до Центрите за вработување да достават бизнис план и апликација за добивање средства од владината програма за самовработување. Досегашните позитивните примери ги охрабриле невработените.

„Тежок ќе биде начинот на избор на програма со тоа што  на крајот на победуваат најдобрите, оние кои  опстојуваат и ја даваат бројката од 73% успешност на самата мерка“, изјави Влатко Поповски, директор на АВРМ.

Невработеноста во Македонија не се решава само со проектот за самовработување.  Оперативниот план содржи цел сет мерки. Стимулирани се и работодавачите.

„Бројот на мерки  кој ги нуди Агенцијата  е голем. Се најдовме како профил на фирма која може да искористи дел од овие мерки.  Конкуриравме за мерката сумвенција на обука за ново вработување“, вели Трајче Мешков, работодавач.

Со проект за самовработување минатата година во Велес се вработија 33 лица. Државата за оваа мерка во изминатите седум години вложи 18 милиони 532 илјади евра.

 

Дијана Иванова