Најевтина енергија е заштедената, а најскапа потрошената

09.03.2015 16:33

„Со зголемување на енергетската ефикасност во индустријата ќе се зачуваат природните ресурси и ќе се подорби еколошката слика“ - експертите велат дека за да се реализираат целите на Стратегијата потребни се специјализирани профили на градежни работници...

Енергијата е најскап ресурс, а најразвините со години упорно се обидуваат да ја намалат нејзината потрошувачка. Енергетичарите велат дека е најскапа потрошената енергија, а најевтина е заштедена. На овој начин добиваат сите: граѓаните, компаниите и државата.

„Енергетската ефикасност е многу важна тема за општеството, како за домаќинствата,  така и за бизнисите. Претставува начин на намалување на трошоци, но и заштита на животната околина“, вели Штефан Петарпретседател на УО на ЕВН Македонија.

Да се зголеми енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор и во индустријата, бидејќи и едното и другото ќе помогнат Македонија да ги зачува своите природни ресурси и во исто време да помогнеме да имаме подобра еколошка состојба во земјава“, изјави Александар Дуковскидиректор на  Агенција за енергетика на Република Македонија.

За да се реализираат целите на стратегијата за енергетска ефикасност на земјава ќе и бидат потребни специјализирани профили на градежни работници, особено од 5 занимања. Проектот финансиран од Европската унија ќе овозможи обука на 200 тренери. Тие понатаму ќе ги обучуваат градежниците кои ќе добијат меѓународно признаени сертификати.

9.600 работници до 2020-та треба да се обучат за да може Македонија да ги оствари целите зацртани со стратегијата за енергетска ефикасност на РМ до 2020-та, нагласува Јадранка Аризанковска од Стопанска комора на Македонија.

Платформата за енергетска ефикасност, поддржана од Светска банка, од земјите донатори како и од буџетот, треба да овозможи штедење на енергија, но и целосна реконструкција на 35% од јавните објекти со целосно почитување на мерките за енергетска ефикасност.

 

Свето Николовски