Фудбал

Вардар – Металург на МРТ

09.03.2015 17:14

Натпреварот на арената „Филип втори“ е од 14 часот со пренос на Собранискиот сервис на МРТ...

Временските услови ја намалија домашната фудбалска понуда викендов, но ќе ја зголемат во наредните два дена. За да се врати на позитивата од три бода во однос на Работнички, Вардар утре треба да го совлада Металург.

Натпреварот на арената „Филип втори“ е од 14 часот со пренос на Собранискиот сервис на МРТ.

Во истиот термин ќе играат и Ренова и Брегалница. Првото коло од третиот дел од сезоната, а вкупно 19-то, ќе заврши в среда со средбите Шкендија – Пелистер и Силекс – Тетекс. Во саботата Работнички го совлада Турново со 2-0 и се израмни со Вардар на чело на табелата.