Норвежани станаа милионери
Граѓаните на Норвешка станаа милионери. Сепак, само во теоријата бидејќи парите се чуваат за црни денови. Државниот фонд стана побогат благодарание на високите цени на нафтата и на гасот, па државата со над 5 милиони жители, сега располага со околу 828 милијарди долари. Додека другите земји се борат со долговите, главниот проблем на Норвешка е како најефикасно да ги потроши парите. Но богатството на Норвешка има и негативни последици, бидејќи државата не се решава на нови реформи, а граѓаните се се помрзливи, бидејќи социјалната помош за невработените ги покрива животните трошоци.

Најмалку 5 лица загинаа, и дванаесетмина се ранети во Јапонија во експлозија во фабрика за производство на силиконски материјали во сопственост на „Мицубиши“. Новинските агенции јавуваат дека експлозијата била предизвикана од хемиска реакција, повикувајќи се на извори од фабриката специјализирана за производство на соларни панели и автоделови. Според официјалните лица, експлозијата не предизвикала пожар и состојбата била нормализирана за кусо време. Слична ваква експлозија се случила во оваа фабрика и пред две години.
Германија ќе им се приклучи на меѓународните напори во уништувањето на сириското хемиско оружје. Отпадот од уништеното оружје ќе биде изгорен во владина постројка во градот Мунстер. Првата пратка отровни хемикалии од Сирија беше испорачана на дански брод.
„Ја поттикнуваме сириската Влада да ги засили напорите за да можеме да го завршиме овој критичен дел од мисијата најбрзо колку што дозволуваат условите за тоа“. - Мајкл Лухан, Организација за забрана на хемиско оружје
Во моментот е на пат за Италија, каде што ќе биде истоварена на американски морнарички брод, по што ќе биде уништена во меѓународни води во специјално направен титаниумски резервоар. Во меѓувреме, сириската Влада соопштила за два обида за напади врз магацините каде што се чуваат компонентите за креирање на хемиското оружје.
Египетскиот суд осуди 63-јца приврзаници на исламистичкото движење Муслимански браќа на 3 години затвор по основ на повеќе обвиненија, меѓу кои предизвикување немири, насилство и поседување оружје за време на демонстрациите кон крајот на минатата година во Каиро. Станува збор за најголем број осудени приврзаници на Муслиманските браќа во еден судски случај откако властите, кои имаат поддршка од војската, почнаа да се пресметуваат со исламистичкото движење по соборувањето на претседателот Морси.
Марина Автовска