Меркел им порача на јапонците: Време е да се соочите со сопстевеното воено минато
Германија овој потег го направи уште многу одамна кога шефот на државата, Ричард вон Ајзекер изјави дека крајот на војната во Европа беше Ден на ослободување. Јапонската влада подготвува соопштение да се извини бидејќи наследството од оваа војна и денес ги оптоварува односите на Токио со Кина и Јужна Кореја...

Потсетувајќи на германското искуство, канцаларка Ангела Меркел им порача на јапонците дека е неопходно да се соочат со сопственото воено искуство, но и дека и соседните земји треба да се ангажираат околу помирувањето.
„Конкртен совет не би можела да дадам за тоа како Токио треба да се соочи со минатото, но историјата и искуството говорат за тоа дека е неопходно да се пронајдат мирољубивите средтва за помирување“, рече канцеларката Меркел за време на посетата на Јапонија.
Германија овој потег го направи уште многу одамна кога шефот на државата, Ричард вон Ајзекер изјави дека крајот на војната во Европа беше Ден на ослободување. Јапонската влада подготвува соопштение да се извини бидејќи наследството од оваа војна и денес ги оптоварува односите на Токио со Кина и Јужна Кореја. Земјите од азискиот регион со нетрпение очекуваат дали јапонскиот прмеиер Абе, ќе се извини од срце за страдањата на луѓето коишто пред 7 децении го преживеаа јапонскиот милитаризам.
Германската канцаларка во јуни ќе биде домаќин на Самитот на Групата- 7. Таа од својот колега дозна како третат светска економија се опоравува од рецесијата, со оглед на тоа што се заблежани позитивни знаци за раст на стопанството од 1,5 насто.
„Очекуваме до крајот на годината екомијата да се зголеми за 2,4%. Ваквиот тренд ќе ги потикне банките со нови стимулативни мерки за да може економксиот раст да го достигне нивото на инфлацијата“, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Економитите се со мислење дека Јапонија останува значен пазар за извозниците од поширокиот регион на Далечниот Исток. Но, прогнозите се дека за сега нема многу простор за побрз раст на јапонската економија на краток рок, бидејќи слабата економија беше и причина за послендото намалување на рејтингот од страна на ММФ и Светската банка, кога се во прашање прогнозирања за глобалниот раст на светската економија.
Мирјана Василева
