Извештај на ММФ за Западен Балкан
Во извештајот што денеска ќе биде претставен во Виена се анализираат Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора...

Државите од Западен Балкан постигнале значителни економски успеси во изминатите 15 години, но треба да го доведат до крај преодот кон пазарна економија и да се подготват за развој. Тоа се вели во извештај на ММФ со наслов: Западниот Балкан-15 години економски преод. Во извештајот што денеска ќе биде претставен во Виена се анализираат Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Во него се нагласува дека економиите на тие држави назадуваат во споредба со други поранешни комунистички држави кои минале низ таков политички и економски преод. ММФ во извештајот нагласува дека државите од Западен Балкан треба да се борат со буџетските дефицити, да дадат импулс на извозот, да го намалат трговскиот дефицит, да приватизираат државни претпријатија и да го подобрат пазарот на трудот, се додава во извештајот на ММФ.
