Градот на рајот е на југот на Шпанија
И додека Шпанија мака мачи да се справи со финансиските проблеми, каде што невработеноста, сиромаштијата и неквалитетниот животен стандард се последица од кризата, на југот на земјата постои едно место каде што жителите со право го нарекуваат рај на земјата. Станува збор за Мариналеда, андалузиско село во кое живеат околу 3 илјади жители.
-Она што го прави ова место многу посебно и необично е фактот што таму нема невработени. Просечната плата е околу 1200 евра, а киријата само 15 евра, изјави жителот Давид Гонзалес Молина.

-Овде дојдов пред две години. Ги исполнив условите, од градот добив пари за градежен материјал, и откако ја изградив куќата, веднаш почнав да и плаќам кирија на градската власт од 15 евра, рече тој.
-Многу е голем интересот на оние што сакаат да се населат во нашата комуна, вели Хуан Мануел Гардилјо, градоначалник на Мариналеда. Досега изградивме 350 куќи, и во наредите две години планираме да изградиме уште 250, дополни.
- Безбедноста кај нас е на високо ниво. И покрај тоа што според шпанскиот закон би требало, според бројката на населнието да имаме околу 7 полицајци, сепак ние не ги сакаме овде, зашто кај нас се се темели на доброволна база. Одлуките ги донесуваме директно,на демократски начин, на неделните состаноци на кои обично присуствуваат до 400 луѓе, изјави градоначалникот на селото Мариналеда.
-Имаме бесплатен интернет, организираме богат спортски живот, сите спортски терени се бесплатни, освен што годишно плаќаме билет за користење на базените, се пофали Јоланда Родригез.
Жителите на Мариналеда не се плашат да излезат на улица за да ги изразат своите политички убедувања. Наместо светлечки реклами и брендови, низ улиците е застапена уметноста во форма на графити и мурали со пораки и поддршка на солидарност. Улиците ги носат имињата на славни борци за работнички права, како и на поетот Лорка и на писателот Неруда.
Мирјана Василева