Два меча од 19-то коло
Дербито е во Скопје меѓу Вардар и Металург.Трет пат ќе играат меѓусебе во годинешново првенство.На претходните два славеше Вардар со 4:1 и 3:1...

Денеска следат две нови „истрчувања“ од 19-та прволигашка рунда,која се одвива во три различни термини.Во фокусот се два привлечни натпревари. Дербито е во Скопје меѓу Вардар и Металург.Трет пат ќе играат меѓусебе во годинешново првенство.На претходните два славеше Вардар со 4:1 и 3:1.Иако,соочен со здравствени проблеми на поголем број играчи, Вардар е фаворит и во денешниот дуел на Филип Втори Арената. Грипозните Пачовски,Глигоров,Најдоски,Миранјан најверојатно нема да бидат во составот на „црвено-црните“.Металург, освен суспендираниот Ристовски, во комплетен состав ќе му се спротистави на лидерот во шампионатот. Ова ќе е нивен 25-ти меѓусебен првенствен натпревар, во досегашните дуели Вардар со една победа повеќе, за нијанса е поуспешен.
И вториот денешен натпревар има своја привлечност, особено за приврзаниците на Ренова и Брегалница.Двете екипи имаа одлично продолжение од првенствената сезона. Во првото пролетно истрчување Ренова го совлада Металург со 3:1, а Брегалница со победа од 1:0 против Пелистер и со вредни бодови во борбата за опстанок го мина гостувањето во Битола.Тренерот на Ренова Ќатип Османи ќе изведе состав без „пожолтените“ Мишковски и Нухиу.Влатко Костов во Тетово ќе ја предводи Брегалница без Андонов и Велковски.
Прва лига:19 коло
Работнички-Хоризонт 2:0
Денеска:14.оо часот
Вардар-Металург –пренос МТВ
Ренова-Брегалница
Утре: 14.оо часот
Силекс-Тетекс
Шкендија-Пелистер
