Отукпено речиси 25.000 тони тутун, тутунарите да го пријават новото производство
10.03.2015 13:18
Откупени се речиси сите договорени 25.000 тони тутун. Сега тутунарите имаат обврска да го пријават новото производство, а податоците ќе бидат електронски обработувани...

Почна новата електронска евиденција за производство на тутунот. Тутунарите пред да ги добијат белите картони за склучување на договорите со откупувачите, ќе мора производство да го внесат во регистарот.
Доколку претходно парцелите не се евидентирани, ќе треба да се поднесе и барање за нивен упис.
Поради зголемениот обем на работа, за полесно реализирање на постапката подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп со дополнителен кадар ќе работи во две смени.
Методија Трајков
