72 години од депортацијата на Македонските Евреи

10.03.2015 13:41

Над седум илјади Евреи од Македонија и 11 илјади од Егејска Македонија и Тракија во германскиот концлогор биле депортирани, а потоа задушени во гасните комори...

Се одбележуваат 72 години од депортацијата на македонските Евреи од Штип, Битола и Скопје во озлогласениот нацистички логор Треблинка во Полска.

Над седум илјади Евреи од Македонија и 11 илјади од Егејска Македонија и Тракија во германскиот концлогор биле депортирани, а потоа задушени во гасните комори.

Се смета дека од земјава се спасиле само околу 400 Евреи. 

Израелскиот амбасадор во земјава, Дан Оријан во Битола ќе положи цвеќе пред Споменикот на Евреите.