Има интерес за нов мандат во лустрациска
Сите актуелни лустратори конкурирале за уште еден 5 годишен мандат . Документите по пошта ги доставил и Јанаќе Витановски , којшто беше предлог на СДСМ и заедно со Гешовски си поднесе оставка. Витановски недостапен за одговор , зошто ја сменил одлуката . Од СДСМ не коментираат , но уште еднаш го повторуваат ставот дека нема да учествуваат во изборот на новиот лустраторски тим .

Првиот човек на собраниската комисијата Димовски , апелира сите парламентарни партии да се вклучат во избор на квалитетен тим , којшто треба да го заврши процесот на помирување.
Не постои друга политичка партија во Собранието и надвор од Собранието, освен СДСМ којашто фрла сенка врз процесот досега. Мојата намера и намерата на Комисијата веројатно ќе биде да овозможи сите политички партии да бидат вклучени во овој процес – изјави Илија Димовски, претседател на комисијата за избори и именување.
Либералната партија за свој фаворит ја има екс пратеничката Ристана Лалчевска. За одлуката на СДСМ велат не учеството не значи амнестирање од одговорноста, на иста линија и ДУИ.
Прашањето е дали ќе бидете дел од тој процес. Дали ќе се обидете да корегирате - доколку постојат неправилни одлуки или ќе оставите тоа да се случува покрај вас - Ивон Величковски од ЛП.
Да се обезбеди континуитет во работењето. Континуитет во принципите , што се воспоставени. Таа комисија конечно да успее во таа голема мисија или сопствена задача којашто е да придонесе во големо општествено помирување со минатото- Ермира Мехмети ДУИ
.ДПА тактизира .Во актуелниот состав имаат предложено еден член на комисијата. Како ќе се однесуваат при изборот на новиот тим не откриваат. Комисијата за верификација брои 11- членаод кои 7 се предлог на мнозинството , 4 на опозицијата .Ваквиот сооднос според Димовски не е законска обврска туку резултат на договор.Многу поважно од соодносот вели е изборот на квалитетни членови . За изборот на новиот тим потребно е да обезбеди двотретинско мнозинство . Доколку првиот обид биде неуспешен , тогаш 62 гласа при второто гласање ќе бидат зелено светло за новиот лустраторски тим.
Виолета Димовска