Аргентина: Десет загинати при снимање телевизиска емисија

10.03.2015 10:12

Меѓу жртвите се и француските олимписки шампиони, навигаторката Флоранс Арто, пливачката Камиј Мифа и боксерот Алексис Вастин. Тие снимале емисија за првиот канал на француската телевизија...

Десет лица загинаа во судир на два хеликоптера за време на снимање на телевизиска емисија за францускиот телевизиски канал ТФ1 во Аргентина.

Осуммина од загинатите се француски државјани, а другите двајца се аргентински пилоти на хеликоптери. Меѓу жртвите се и француските олимписки шампиони, навигаторката Флоранс Арто, пливачката Камиј Мифа и боксерот Алексис Вастин. Тие снимале емисија за првиот канал на француската телевизија.

Причините за судирот не се познати. Преостанатиот дел од екипата ќе се врати во Франција по прекинот на снимањето.

По повод трагичната вест се огласи и претседателот Франсоа Оланд.