Околу 100 луѓе избегаа од затвор на ИД во Сирија

10.03.2015 14:19

Масовното бегство се случило во градот Ал Баб, на 30 километри јужно од турската граница...

Стотина луѓе избегаа од затвор на Исламска држава во северна Сирија, меѓу кои и 30 курдски борци.

Масовното бегство се случило во градот Ал Баб, на 30 километри јужно од турската граница. ИД контролира територии во северна Сирија и раководи со затворите и судовите. 

Меѓу избеганите затвореници има и сириски цивили и припадници на исламски баталјони, кои им се спротиставуваат на џихадистите од Исламска Држава.