Француски спортисти загинаа при снимање на емисија во Аргентина
Натпреварувачите требале да одат во планински предел каде што ги покажувале сите свои способности за преживување. Осуммина од загинатите биле француски државјани, останатите аргентински пилоти...

Во Аргентина, десет лица загинаа во судир и експлозија на два хеликоптера кои биле дел од тимот за снимање на телевизиско-реалити шоу, кое требало да се емитува на францускиот телевизиски канал „ТелеФранс“.
Натпреварувачите требале да одат во планински предел каде што ги покажувале сите свои способности за преживување. Осуммина од загинатите биле француски државјани, останатите аргентински пилоти.
Меѓу жртвите има олимписки шампиони, навигаторката Флоранс Арто, пливачката Камиј Мифа и боксерот Алексис Вастин, освојувачи на медали. Францускиот претседател Франсоа Оланд потврди дека меѓу загинатите има француски државјани.
„Ненадејната смрт на нашите државјани предизвика голема тага кај нас“, изјави Франсоа Оланд, претседател на Франција.
Со реакција за несреќата и францускиот премиер.
„Со многу емоции и тага ја примив веста за смртта на 8-те наши сограѓани и двајцата аргентински пилоти. Тие беа одлични спортисти и за нашата земја освоија многу медали“, изјави Мануел Валс премиер на Франција
Причините за судирот се непознати, но локалните власти ја исклучуваат можноста причина за несреќата да бидат временските услови.
Среќа во несреќа за поранешниот француски фудбалски репрезентативец Силван Вилторд кој успеа да се спаси од сигурна смрт. Тој во последен момент се откажал од кобното патување. Не можам да кажам колку сум тажен и потресен, напиша Вилторд на една од социјалните мрежи.
Марија Петковска
