Ќе се гради нов музеј на Француските гробишта во Битола

10.03.2015 15:16

Државни делегации на Франција и на Македонија на симболичен начин го означија почетокот на изградбата...

Ќе се гради нов историски музеј на Француските гробишта во Битола, местото кое еден век потсетува на хаосот од Првата светска војна.

Државни делегации на Франција и на Македонија на симболичен начин го означија почетокот на изградбата. На овие простори биле истоварени околу 300 илјади француски војници, а загинале 70 илјади.

Според документите за жртвите од големата војна на македонска територија загинале и 127 илјади македонци регрутирани во странски војски. Во оваа бројка се вклучени и цивили.

Во знак на долгогодишениот придонес за развивање на добрите односи мегу двете земји, со највисокото признание Орден на легијата на честа беше одликувана почесната конзулка на Франција во Битола, Калиопа Стилиновиќ- Кривашија, а полковникот Енвер Јакупи се закити со медалот на Националната одбрана на Франција.