Бројот на работници во индустријата зголемен за 3,5% во јануари
По гранки бројот на вработени најмногу бил зголемен во производството на моторни возила, за дури 46%, и во продукцијата на електрична опрема за 44...

Бројот на работници во индустријата во јануари годинава е зголемен за 3,5 %, во однос на истиот месец лани. Според Државниот завод за статистика, по сектори, најголемо е зголемувањето на работниците кај капиталните производи за 30,5%, кај интермедијарните и во преработувачката индустрија.
По гранки бројот на вработени најмногу бил зголемен во производството на моторни возила, за дури 46%, и во продукцијата на електрична опрема за 44.
Текстилната индустрија го зголемила бројот на работници за повеќе од 20%, а едноцифрен пораст бележат производството на мебел, пијалаци и на гумени производи.
Според статистиката намалување било забележано во рударството и во енергетиката.
Свето Николовски
