Нема компромис со лажните азиланти

09.01.2014 18:03

Азилантите под будно око на македонската полиција. Извршени се 447 контроли  во 118 туристички агенции, во 38 фирми за превоз на патници и кај 22 приватни превозници. Кривични пријави заработиле 30 лица за 20 кривични дела за злоупотреба на безвизниот режим. Меѓу нив се и неколку полициски службеници.

 Од добивањето на визната либерализација досега на околу 14 000 илјади македонски државјани не им е дозволено да ја напуштат земјава под сомнение дека ќе го злоупотребат безвизниот режим и поради немањето доволно докази за нивен престој во земја-членка на ЕУ.

Засилени се граничните контроли, се постапува по случаи каде што има сомнеж за сторени кривични дела со коишто се загрозува визната либерализација.

„Во МВР продолжуваме максимално да ги преземаме сите неопходни мерки и активности, вклучувајќи и аспекти на превентивното работење , одржување трибини- дебати, кампањи меѓу граѓаните , но и во рамките на репресивното дејствување, откривање на лицата кои го злоупотребуваат безвизниот режим , како и заострување на контролите на граничните премини“, изјави Иво Котевски – помошник министер за односи со јавноста во МВР.

Во повеќе наврати македонски државјани, кои на каков било начин влегле во некои европски земји и побарале азил, експресно беа вратени во земјава. Се  соочија со проблеми во државата каде што наумиле да станат азиланти, не добија никаква финансиска  корист, само непријатно искуство и загуба на парите што ги одвоиле за да стигнат дотаму.

Автор: Наташа Гркова –Петрушевска