Во Грција, вонредна состојба поради поплави

10.03.2015 15:28

Поплавени се најмалку 5.000 хектари обработливо земјиште. Штета има и кај системите за наводнување и одводнување на руралните патишта и мостови...

Во регионот на Серес во северниот дел на Грција е прогласена вонредна состојба по неколкудневните обилни врнежи од дожд што уништија многу посеви и поплавија делови од патната мрежа.

Поплавени се најмалку 5.000 хектари обработливо земјиште. Штета има и кај системите за наводнување и одводнување на руралните патишта и мостови.

Регионалните власти предупредија дека водата во езерото Керкини е на опасно високо ниво и не е отфрлена можноста за отворање на браната Керкини за да се намали притисокот.