Велешкото село Караслари ќе добие спортско повеќенаменско игралиште
Велешкото село Караслари наскоро ќе добие спортско повеќенаменско игралиште. Постојаниот раст на населбата и зголемениот број деца ќе ја оправда инвестицијата на Владата од 7 и пол милиони денари...

Спортот и рекрацијата влегуваат и во руралните средини. На ново повеќенаменско игралиште најмладите жители на велешкото село Караслари ќе ги усовршуваат фудбалските вештни. Покрај рекреирањето со овој објект ќе се подобри и наставата по физичко образовани.
„Јас ќе го одберам спортот кошарка... Го одбирам спортот ракомет“, велат дел од учениците.
Ова повеќенамеско игралиште е 55-то од планираните 100. Средсвата за изградба се обезбедени од Владата на Република Македонија.
„Веќе во наредниот период ќе инвестираме во ново слично спортско игралиште и ќе работиме на реконструкција напокривот на спортската сала Гемиџии. Изградбата на ова игралиште чини околу 7,5 милиони денари“, изјави Марјан Спасевски, директор на Агенција за млади и спорт.
Игралиштето во Караслари е второ повеќенамеско кое се гарди во велешко. Паралелно се работи и на изградба на првиот тениски терен.
„Ова населено место е место кое полека, но сигурно расте, тоа значи дека имаме млади луѓе и прираст на деца кои заслужуваат да имаат ваков спортски објект“, нагласува Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
Жителите на Караслари велат, на новото повеќенамеско игралиште на есен ќе го организираат првиот спортски турнир.
Дијана Иванова
