Поскапува струјата во Србија за 15%
Министерката за државна управа, Кори Удовички потврди дека информацијата за поскапувањето е објавена во моментот кога ММФ, по два неуспешни обида, ја прифатил усогласената програма со северниот сосед...

Усвојувањето на програмата од страна на бордот на ММФ предизвика зголемување на цената на струјата во Србија за 15%. Министерката за државна управа, Кори Удовички потврди дека информацијата за поскапувањето е објавена во моментот кога ММФ, по два неуспешни обида, ја прифатил усогласената програма со северниот сосед.
Агенцијата за енергетика на Србија се уште официјално нема добиено барање од државното „Електростопанство“ за промена на цената на струјата. Според законот новата цена се применува по изминување на 30 дена од денот на објавување во „Службен весник“, што значи дека струјата не ќе може да поскапи од 1 април како што е договорено со ММФ.
Истовремено се воведува и акциза на електричната енергија во износ од половина динар по киловат час. Последен пат струјата за домаќинствата поскапе во Србија на 1 август 2013 и тоа за 10,9%. Киловат час без ДДВ сега чини 6,148 динари, односно 5,08 евроценти.
Свето Николовски
