Верушевски на распит пред обвинител

10.03.2015 18:03

Од Обвинителството велат дека не соопштуваат детали бидејќи истрагата е во тек, а изјава за медиумите не даде ниту неговиот бранител...

Првоосомничениот во случајот „Пуч“, екс разузнавачот Зоран Верушевски на распит пред јавен обвинител. По два часа сослушување остана непознато дали дал исказ или се бранел со молчење.

Од Обвинителството велат дека не соопштуваат детали бидејќи истрагата е во тек, а изјава за медиумите не даде ниту неговиот бранител.

Верушевски беше уапсен на 23-ти јануари, по што му беше изречен притвор. На првиот распитза оружјето кое кај него беше најдено кажа дека не соработувал со странските служби.

Во случајот „Пуч“ се осомничени вкупно шестмина. Се товарат за шпионажа, нелегално прислушување и за вршење насилство врз највисоките државни органи. Петоосомничениот во овој случај го призна делото за што спогодбено се договори со надлежните и му беше изречена три годишна затворска казна.

Четвртоосомничен е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Додека трае истрагата на Заев му е одземен пасошот и тој е задолжен редовно да се јавува во судот.

 

Анита Димитријевска