Нов терористички напад во Русија

09.01.2014 18:08

Русите се во паника и покрај прогласениот највисок степен на безбедност. На само 300 километри од Сочи и Олимпијадата, во Ставропол се најдени шест тела во четири автомобили, сите изрешетани со куршуми. До едно од возилата имало мала детонација. Се активирала импровизирана направа, а уште една е неутрализирана. Двајца од жртвите се идентификувани како локални таксисти.

„Требаше да работи уште три дена, но се јави по телефон и рече дека задутре ќе си дојде дома. Но тогаш го дознавме ова“, вели роднина на еден од убиените.

Според Руското федерално биро за безбедност, експлозивот бил засилен со  шрафови, за максимална штета. Тоа е белегот на најголемата закана за Русија и за Игрите - исламските милитанти од Северен Кавказ, до каде што се стигнува токму преку Ставропол.

„Порано имавме исто толку туристи колку што имаме сега полицајци“, рече жител на Сочи.

„По тоа во Волгоград, ова е неопходно“, смета Дина Коваленко од Сочи.

Безбедносните сили почнаа широка антитерористичка операција. Објавени се сликите и имињата на тројца осомничени кои веќе биле барани за убиство и се познати исламисти. По нападите во Волгоград во кои загинаа 34 луѓе, 37 илјади полицајци и специјалци се грижат за безбедноста на Олимпијадата која ќе биде отворена на 7 февруари. Непријателот број еден на Русија, чеченскиот бунтовнички водач Доку Умаров порача дека целта е токму Сочи.