Фудбал

Победи на Вардар и Ренова

10.03.2015 20:28

На фудбалското првенство на Македонија победи извојуваа домашните екипи...

Во денешните два натпревари од „расцепканото“ 19 коло на фудбалското првенство на Македонија победи извојуваа домашните екипи. Вардар го совлада Металург со 2:1. Поведе Металург со 1:0 во 10-та минута. Стрелец на голот од пенал беше Крстев. Блажевски во 42-та минута го постигна израмнувачкиот погодок . Во 50-та минута Љамчевки му донесе победа на Вардар.

Со ист резултат заврши и натпреварот во Тетово. Ренова ја порази Брегалница со 2:1. Емини беше стрелец на двата гола за Ренова, а Здравков го даде единствениот за Брегалница. Утре ќе се одиграат преостанатите два меча од ова коло.Шкендија го пречекува Пелистер, а Силекс во Кратово ќе игра против Тетекс.

 

Прва лига-19 коло:

Во саботата: Работнички-Хоризонт 2:0

Денеска:

Вардар-Металург  2:1

Ренова-Брегалница  2:1

Утре:  14.00 часот

Шкендија-Пелистер

Силекс-Тетекс